Добредојдовте на ВАШЕТО Патување преку приказна! 🌟
PSN (Personal Storytelling Narration) Нарација на Лична Приказна е дигитална алатка дизајнирана да им помогне на младите да размислуваат и да ги раскажат нивните животни приказни. Ги охрабрува корисниците да размислуваат за својот живот како книга исполнета со различни поглавја, од кои секое придонесува за нивниот раст и карактер. Алатката помага во истражувањето на значајните настани од минатото, поддржувајќи ги поединците да се соочат со нерешените емоции и го промовира менталното здравје преку намалување на стресот. Во текот на сесиите ќе ви бидат понудени текст и аудио датотека со иста содржина. Ако не можете да ги следите упатствата, слушајте ги аудио-снимките.
PSN се нуди во три формати:
1. Соло авантура:
- Овој формат е за вас ако се чувствувате преоптоварени или под стрес со одредено чувство и барате поддршка, но верувате дека можете сами. Корисниците самостојно ги истражуваат своите приказни. Во овај формат, корисниците се водат по овој редослед:
- Физички сензации (како што се топлина, студ, морници, тремор, грчеви; но и мириси, вкусови, звуци и визуелни блесоци)
- Емоции (кои вклучуваат гнев, одвратност, страв, среќа, тага, изненадување)
- Спомени
- Внимавајте: Вашиот ум понекогаш може да создаде лажни спомени. Важно е да се почитуваат фазите на чувствата - прво физички сензации, потоа емоции, проследени со ментални слики и сеќавања. Верувајте во вашето тело! Дури и ако спомените се премногу болни или емоциите се премногу силни, вратете се на сензациите на вашето тело и едноставно почувствувајте ги. Овој пристап бара од корисниците да одат со свое темпо и да внимаваат на одговорите на нивното тело.
2. Патување 1-на-1:
- Корисниците работат со младински работник за персонализирано водство. Овај формат обезбедува поголема безбедност и сигурност, овозможувајќи подлабока работа на болни физички и емоционални аспекти. Способностите на водичот значително влијаат на искуството, правејќи ја патеката пофлексибилна и поподдржлива без потреба од строги упатства.
3. Групна сесија:
- Обучен младински работник ги олеснува сесиите со група млади луѓе. Во овој случај, 90% од работата ја врши групата, а 10% фасилитаторот. Улогата на фасилитаторот е да стимулира дискусија и да одржува стабилност во групата. Колективната енергија и информациите што ги споделува групата создаваат заштитна средина, овозможувајќи изразување на силни чувства и емоции. Сепак, индивидуалните чувства се истражуваат во однос на заедничките искуства на групата, наместо изолирано.
Оваа алатка ги зајакнува поединците преку обезбедување емоционално ослободување, поттикнување на самооткривање и подобрување на менталната благосостојба преку моќта на пишување и размислување.